Поранешниот премиер на Македонија Никола Груевски преку Фејсбук статус од Будимпешта пишува дека досега менаџирал многу кризи, но никогаш не предложил намалување на платите. Тој вели дека мерката за минималец во јавната администрација е избрзана одлука, но дека се уште има време за корекции.

Најавеното намалување на платите во администрацијата и нивно сведување на минимална плата е избрзано и премногу длабоко. Но, сѐ уште има време за корекции.Јас како министер или премиер менаџирав многу кризи во Македонија, но никогаш не дозволивме намалување на платите, пензиите, субвенциите за земјоделците и социјалните надоместоци. Спротивно, некогаш и растеа во години на криза ако претходно било ветено при што евентуално зголемувањето на платите било пролонгирано неколку месеци – пишува Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.