Поранеѓниот премиер Никола Груевски ја отфрла како невистина информацијата дека бил нападнат и претепан во Будимпешта.

Продолжуваат лагите, конструкциите и манипулациите кои упорно се трудат да ми ги натоварат. Пред малку ми јавија дека некој портал објавил лажна вест дека сум бил физички нападнат во Будимпешта и ред други невистини поврзани со тоа. Веста е лага, но вознемири многу мои пријатели кои почнаа да ми се јавуваат за да ја дознаат состојбата, па затоа се решив на ваков начин да демантирам. Инаку потесниот круг на мои пријатели знаат за каков обид за спин се работи, пишува Груевски на Фејсбук.

Тој објаснува дека бил повреден при спортување и одлично закрепнува.

Оттука некој кој дознал за ова, понесен од потребата за дефокус на јавноста во овие моменти кога власта нижи катастрофи секој ден, помислил дека може од спортска повреда да направи спин дека сум бил физички нападнат. Впрочем вакви информации лесно се проверуваат во полиција во секоја земја па и во Унгарија. Ако навистина намерата била да се дознае вистинита за тоа дали имало физички напад со повреди многу лесно можело да се направи проверка. На ваквите изгубени ликови во новинарството и одработувачи на туѓи агенди им порачувам дека со лаги, манипулации, спинови и неинтелигентни интриги нема ништо да направат во животот и во работата.
На сите мои пријатели кои веднаш почнаа да ми се јавуваат со доза на загриженост им благодарам за грижата, додава тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.