Над 1.300-те административци „вработени според Рамковниот договор“, кои земаат плата без да
одат на работа, не можат да бидат отпуштени, односно да им бидат раскинати договорите, дури
и ако одбијат навистина да работат во некоја од институциите. Во моментов нема законска
можност за такво нешто, вели првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците.

Нема законска можност за тоа да се реализира, за жал. Во некои од институциите самите
вработени не сакаат да одат, во некои други случаи институциите не ги прифаќаат затоа што би преферирале нови вработувања“, вели Груби, според кого е неблагодарно да се прогнозираат рокови за работно ангажирање на овие луѓе, бидејќи, како што вели, тоа што седат по дома не е нивна вина.

Како што претходно посочија медиумите, министерството со кое сега раководи Груби е уникатно
во светот; Од околу 1.400 лица (заклучно 2019-та биле 1.460, од министерството тврдат дека
бројката е намалена на 1.410) кои фигурираат како вработени и се на платен список, реално во
министерството работат само 44 лица, со тенденција во иднина нивниот број да прерасне на
околу 150 лица. Или изразено во пари, од речиси 543-те милиони денари предвидени во
буџетот на министерството за 2020-та, нешто повеќе од 523.5 милиони се за плати на
„вработените“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.