Пратеникот Артан Груби изјави дека ДУИ има идеја за двостепено спроведување со соодветен закон.

Ветингот е најдобро можно решение, ДУИ како пионер на оваа тема за правда и правдина смета дека е неопходен закон. Првостепен ветинг е со цел да се провери интегритетот на лице со јавна функција, па доколку се утврди дека нешто не е во ред тогаш второстепен ветинг, да нема лов на вештерки туку да знаеме што правиме и што сакаме да постигнеме, рече Груби.

Прашан кој е ставот на ДУИ во однос на автенитчното толкување на член 11 од Законот за помилување Груби рече, дека воопшто не било разговарано околу тоа прашање.

Нови статутарни промени и програмски документи ќе има во ДУИ по четвртиот конгрес на 21 декември, за кои и денес се разговораше на седница на централното претседателство на партијата што се одржа во седиштето во тетовска Мала Речица. Според замислите на раководството, согласно статутот ќе има нови три партиски тела.

Станува збор за формирање на Национален совет, партиска изборна комисија која ќе работи постојани за избор во сите органи на партијата. Предвидено е да има и постојан конгрес кој ќе го претставуваат една третина од членовите делегирани од ограноци кои ќе работат до секој нов конгрес и по конгресот за да биде долговечноста на ДУИ, изјави Артан Груби од раководството на ДУИ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.