Владата работи на создавање ново општество со еднакви права и обврски за сите граѓани, на остварување на целта за интеграција во Европската унија со цел подобар живот на сите граѓани. Во таа насока, морам да кажам дека во ниеден момент со Бугарија не се разговара за јазични и идентитетски прашања и нема простор за никаво стравување, порача денеска првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците Артан Груби.

-Во својство на највисок претставник на албанската заедница во нашата Влада, би сакал да дадам целосна поддршка до македонската заедница во заедничките напори да ги започнеме преговорите за членство во Европската унија и да повторам и уверам дека во ниту еден момент со нашиот сосед не се разговара за јазично идентитекски прашања и затоа нема воопшто простор за било какво стравување. Најдобра потврда за тоа е денешната перспектива две години по уставните измени и Преспанскиот договор при што станавме членка на НАТО со меѓународно потврдена заедничка држава и по исти такви стравувања, рече Груби во рамки на отчетот за сработеното на Владата за првите 100 дена

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.