Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, денеска се сретна со амбасадорот на Чешка во земјава Мирослав Томан, при што било посочено дека поддршката од Чешка и другите земји членки на Европската Унија е многу важна за европските аспирации на Македонија.

Груби ја побара директната поддршка од Чешка во декември за утврдување на датумот за одржување на првата Меѓувладина конференција со Европската Унија која ќе го одбележи почетокот на преговорите во првите месеци на 2022 година, соопшти Кабинетот на првиот вицепремиер.

Тој нагласи дека земјава треба да ги искористи искуствата на земјите членки на ЕУ за спроведување на реформите за членство во ЕУ и за креирање на подобри услови за живот на граѓаните.

На средбата се дискутираше дека Западен Балкан е еден од најголемите приоритети на коишто се фокусира Чешката Република во поглед на европските перспективи и дека ќе продолжи да дејствува во тој правец.

Груби и Томан се согласија дека потенцијалот за продолжување на соработката меѓу двете земји е голем.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.