Пратеникот на ДУИ Артан Груби најави дека ќе поднесат иницијатива за таканаречен „ветинг“, односно контрола за секој пратеник или функционер којшто врши јавна дејност, како што се судии и обвинители, за контрола во врска со користење наркотици, но и учество во криминал и корупција.

Ние оваа иницијатива ја почнуваме од нашите редови во ДУИ и сакаме да ја предложиме на Собранието, а очекуваме и поддршка од граѓанскиот сектор и медиумите. Секој кој врши јавна функција треба да подлежи на овој тест и ние очекуваме поддршка од сите кои се искрени. – рече Груби.

Тој не сакаше да одговори дали Павле Богоевски треба да ја напушти функцијата пратеник, но повтори дека за ДУИ е неприфатлива терминологијата „метла“ затоа што не била достоинствена за луѓе.

Во однос на преговорите за промена на функционери од редовите на ДУИ и СДСМ, Груби рече дека доколку има нешто на оваа тема, медиумите ќе бидат навреме известени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.