Перспективите и понатамошниот развој на Општина Тетово и поддршката од централната власт за проектите на општината, беа тема на разговор на денешната средба меѓу првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби и градоначалничката на Тетово, Теута Арифи.

Како што информираат од Кабинетот на првиот вицепремиер, Груби ветил дека ќе биде отворен за соработка и дека ќе продолжи да прави максимални напори со цел градот на двата универзитета да се развие.

Двајцата соговорници се согласиле дека сега по членството на Северна Македонија во НАТО и отворањето на преговорите за членство во Европската Унија се отвораат нови можности за инвестиции и развој на нашите општини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.