Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денес беше домаќин на грузиската претседателка Саломе Зурабичвили, која е во официјална посета на земјава.

Како што информираат од кабинетот на Груби, интеграцијата во НАТО и процесот на интеграција во Европската унија биле една од темите на разговорот.

„Република  Македонија е подготвена да понуди помош од своето искуство на патот кон НАТО и да сподели искуство во делот на реформите што се бараат во процесот на пристапување кон Европската унија“, нагласил Груби.

Политичката состојба во Грузија, односите со соседните земји, вклучително и Русија, конфликтите во Украина и Нагорно Карабах исто така биле дел од разговорот меѓу првиот вицепремиер и грузиската претседателка.

„Република  Македонија ќе понуди соработка во процесот на реформите што треба да се направат во Грузија, вклучително и во областа на правдата, судството и обвинителството, како и безбедносните структури“, порачал Груби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.