Разговори за детали, како што се претставени, ниту имало ниту се договорени со ниту една од страните, реагираше Артан Груби од ДУИ, откако медиумите објавија дека постигнат е договор за формирање на влада меѓу СДСМ, ДУИ и ДПА, со формула 3+1 – последната година од четиригодишниот мандат премиер да биде Албанец.

Во моментов, ниту една од многуте вести во медиумите не е потврдена од наша страна, како и да е, кога ќе имаме нешто конкретно, ќе ве известиме благовремено. Воспоставените пост-изборни контакти со СДСМ и другите партии се колегијални, пријателски, иницијални, секако за доброто на земјата и нејзините граѓани, изјави Груби. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.