Интензивни преговори се водат меѓу власта и опозицијара за новиот Закон за Јавно обвинителство, информираше денеска претседателот на комисијата за европски прашања, Артан Груби. Тој вели дека продолжението на седницата на која ќе се дебатира за Законот ќе биде веднаш штом добие сигнал дека усогласени се разликите кои постојат.

Остануваат уште 40 амандмани, 10 од нив се на опозицијата. Се надеваме ќе има договор, многу сме блиску до постигнување компромис, изјави Груби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.