Апсолутно постои оптимизам за преговори и за добивање позитивен сигнал на декемврискиот самит на ЕУ за отпочнување на преговори за нас и за Албанија во првите месеци од следната година, изјави денеска првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците.

Ние работиме, одговорите на нивните барања се веќе испратени и може да се разговара по однос на тие одговори со новата Влада во соседна Бугарија и се надевам дека конструктивно ќе пристапиме и ќе ги решиме сите отворени прашања затоа што очекуваме конструктивен пристап и од нашите бугарски колеги – рече Груби.

Прашан како ја толкува вчерашната порака од Бугарија дека нема да се промени нивниот став, Груби повтори дека се надеваат на конструктивен пристап од бугарска страна.

Имаме нова влада која треба да се избере. Ќе комуницираме со новата влада, која е резултат од изборите коишто само што завршија во соседна Бугарија и се надеваме на тој конструктивен пристап затоа што кај нас има подготвеност за компромис којшто е достоинствен и за нашата земја посебно за моите сограѓани Македонци – заклучи Груби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.