Вицепремиерот Артан Груби денеска на прес-конференција уште еднаш ја покани опозициската албанска коалиција на средба на која ќе се разговара за пописот на населението и за работата на Собранието. Груби рече дека жали затоа што од оваа опозициска група практично било одбиено претходно да се сретнат и да разговараат за меѓупартиска соработка.

Средбата меѓу секретарите на овие политички партии на Албанците кои се дел од Собранието беше свикана пред да се одржи средбата меѓу лидерите Заев и Мицкоски. Нивната покана беше испратена претходно, до вчера тие не дадоа одговор за оваа покана. Во врска со оваа средба темата беше пописот на населението, законот за државјанство, како и меѓупартиската соработка во врска со проекти кои се во Парламентот. Многу искрено беше подадена рака за соработка кон опозицијата која ја одби како што и претходно ја одби“, рече Груби.

Вицепремиерот додаде дека ќе продолжат со истите ангажмани за соработка за заеднички платформи, како и дека ќе продолжат да бидат отворени да седнат заедно на средба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.