Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, изјави дека е правилна одлуката Рамиз Мерко повторно да биде кандидат на ДУИ за градоначалник на Струга.

Одлуката е правилна и донесена по големи неколкумесечни истражувања кои ги направивме во рамки на ДУИ. Направивме посебни анкети во сите градови, и тоа по 1.000 луѓе анкетирани во секој од овие градови. И ни покажуваат дека имињата кои ги претставивме вчера всушност се најподдржани од сите граѓани. Но, не само од една заедница, туку од сите заедници, вклучително и со примерот на Мерко – изјави Груби.

Тој нагласди дека со кандидатите што ги има партијата, сметаат дека ќе бидат апсолутни победници на локалните избори на 17 октомври оваа година.

Затоа следствено на тие резултати донесовме таква одлука, која ќе треба дополнително да се потврди на седница на Централниот совет – појасни Груби.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.