Вицепремиерот Артан Груби вели дека не знае зошто изреволтирана жена ја искршила шофершајбната на службениот автомобил во кој се вози.

Од МВР велат дека 38-годишната В.Ј. го искршила предното ветробранско стакло од „пасат“ сопственост на Владата, по што била приведена.

Груби вели дека не ја знае ги знае причините за нападот, ниту жената одговорна за него.

Точно е. Возилото е искршено од страна на В.Ј. (38 години), пред главниот влез на Собранието додека јас бев на пленарна седница за Законот за распределување на административците од К5 Програмата. Не сме повредени ниту јас ниту некој од мојата придружба. Не ја познавам личноста, ниту ги знам причините за нападот и очекувам МВР да го разјасни случајот, вели Груби за „360 степени“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.