Владата ќе ги субвенционира приватните компании кои ќе вработат Албанци или граѓани од другите помали етнички заедници, најави вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, првиот вицепремиер Артан Груби.

Груби додаде дека оваа мерка во Влада ќе се разгледува во следниот период.

Доколку приватни компании вработуваат Албанци или граѓани од другите помали етнички заедници ќе ја разгледаме можноста да ги субвенционираме овие компании. Сите компании кои ќе ја запазат правичната застапеност ќе бидат помогнати од Владата“, потенцираше првиот вицепремиер во првото издание од новата сезона на „Click Plus“ на ТВ21

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.