По повод Меѓународниот ден на детето – 1 Јуни, група деца се сретнаа со вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците Артан Груби.

Денес на 1 јуни, Денот на детето, мојата канцеларија ја исполнија токму тие. Забава, едукација, состаноци, задачи… Иднината им припаѓа на младите генерации – порача Груби.

1 Јуни е познат како Меѓународен ден на детето. На овој датум се одржа Светската конференција на детска благосостојба во Женева, во 1925 година. Истиот ден, кинескиот генерален конзул во Сан Франциско свика значителен број кинески сираци да слават во Фестивалот „Змејски брод“. Две години подоцна празникот 1 Јуни почна да се слави во многу делови на светот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.