Павле Богоевски поднесе оставка по скандалот со видеото кое се појави, за кое тој тврдеше дека нарачува масло од канабис за медицински цели.

Одлуката ја искоментира Груби од ДУИ.

– Изразувам жалење за состојбите на негивиот близок член на семејството и му посакувам брзо оздравување. На Павле му посакувам успех во понатамошните негови активности. Се надевам дека сите ние ќе ги почитуваме сите институции на државата откако ќе поминат низ сите филтри и секако дека ќе бараме оставка од нив доколку згрешиле, додава тој, пренесе Слободен Печат.

Инаку, видеото се појави се појави од профил со псевдоним „Илија Громовник“, а во која се слуша гласот на пратеникот. Богоевски на Фејсбук напиша дека не нарачува кокаин во објавената снимка, туку масло од канабис.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.