Вицепремиерот Артан Груби ги отфрли гласините дека се обидува да го преземе кормилото на ДУИ по заминувањето на Али Ахмети.

Груби во изјава за „Лајм“ рече дека нема такви амбиции, а воедно му одговори и на сопартиецот Невзат Бејта.

На прашањето дали Ахмети побарал оставка од него, како што бараат членовите на т.н. „Огнена група“ во ДУИ, Груби вели дека последниот збор го има партискиот лидер, кој „кажал сѐ“ a на  Бејта му се посака добро здравје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.