По пеењето на химната на Зекирија Ибраими се пријавив за збор, но не го искористив тоа право,истакна поранешниот пратеник од ДУИ Артан Груби на денешното рочиште во случајот „27 април”.

Не го искористив тоа право. Како координатор имам право секојпат да се пријавам за збор, но и секој пратеник во било кое време може да се повлече од збор, објасни Груби.

Случајот за настаните од 27 април се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска. Претходно сведочеше и сегашниот парламентарен спикер Талат Џафери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.