Груби и Владата ја фрлаат државата во вештачка криза со издигнување на спорот со Бугарија на ниво на безбедносно прашање, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Спорот со Бугарија не е безбедносно прашање, ниту спор кој има безбедносен карактер. Обидот на Груби и на власта да градат на таа теза преговори е поразително за државата.

Македонија е земја членка на НАТО, и со тоа сите безбедносни прашања се затворени. Во рамки на границите на државата има министерство за внатрешни работи кое ја чува безбедноста.

Власта да не наоѓа изговори за нови отстапки и понижувања.

Јасни се македонските позиции кои ги гарантира Декларацијата која што ја предложи ВМРО-ДПМНЕ, а е поддржана од сите партии во парламентот и ништо надвор од неа не смее да биде сторено.

Очекуваме Бугарија во духот на европските вредности и добрососедските политики да не ја попречува Македонија кон ЕУ. Напредокот на државата го заслужуваат граѓаните, стои во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.