Првиот вицепремиер Артан Груби на Меѓународниот аеродром Скопје го пречека претседателот на Советот на Европа, Шарл Мишел.

„Неговата посета на Скопје е од големо значење бидејќи ја потврдува поддршката и посветеноста на Унијата за деблокирање на интегративниот пат на нашата земја, обезбедувајќи ја содржината на исправноста и рационалноста на францускиот предлог за спорот со Бугарија. Оваа поддршка треба да биде дополнителен мотив да размислуваме и да донесеме правилна одлука за европската иднина на земјата“, порача Груби.

Причината за посетата на Мишел е францускиот предлог за преговарачката рамка, кој во изминатите неколку денови ги зголеми политичките тензии во земјава. Предвидени се тет-а тет средби со премиерот Димитар Ковачевски и претседателот Стево Пендаровски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.