Вицепремиерот и министер за политички систем, Артан Груби, се сртна со британската амбасадорка Рејчел Галовеј, при што истакнал дека правичната и соодветна застапеност е уставно право и дека треба да се почитува принципот: „Колку повеќе државата е лојална кон граѓаните, толку повеќе граѓаните ќе бидат лојални кон државата“.

Груби посочил и дека патот до неселективна правда и владеење на правото може да се постигне само преку целосна транспарентност и ветинг на јавните службеници, судиите и обвинителите.

Тој особено ги издвоил случаите „Сопот“, „Монструм“, „Алфа“ и малиот Алмир за кој рекол дека треба да добијат правична судска разрешница.

Груби пред Галовеј потенцирал дека Владата останува посветена на остварувањето на своите стратешки цели, односно за исполнување на обврските од членството во НАТО и забрзување на процесот на членство во Европската Унија

За време на состанокот со амбасадорката Галовеј, Груби изразил и оптимизам дека Министерството за Политички Систем и Односи меѓу Заедниците ќе прикаже добар мозаик на Република Македонија во однос на застапеноста и обележјата на сите етнички заедници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.