Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска преку својот официјален фејсбук профил им го честита Рамазан Бајрам на припадниците од исламска вероисповед.

Почитувани верници, на овој благословен ден на Бајрам кога во нашите домови ја чувствуваме празничната атмосфера, ви упатувам искрени желби за прифатен пост и молитви, здравје и благосостојба. Посветеноста, моралната одговорност, здивот на почит и солидарност еден кон друг во месецот Рамазан се благослови и љубезност кои треба посветено да се зачуваат во секојдневниот живот.  Секогаш да сте среќни и во мир со вашите роднини!, наведува Груби на честитката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.