Првиот вицепремиер и генерален секретар на ДУИ, Артан Груби во емисијата 24 анализа рече дека Алтернатива очекува да стане дел од владата зошто имаат исти афинитети како и владата.

Очекувам да бидат дел од парламентарното мнозинство и вадината коалиција зошто ги делиме истите вредности. И тие сакаат да ја видат Македонија интегрирана во ЕУ, го поддржуваат членството во НАТО, ја поддржуваат имплементацијата на Охридскиот и Рамковен договор, немаме разлики во стратешките интереси на државата. Треба реконструкција на владата, а не цел нов кабинет, вели Груби.

Според него, нема да има целосно нова Владата, туку станува збор за реконструкција и дека реконструираната Влада на почетокот, треба да ја предводи Зоран Заев.

Актуелниот премиер ќе ја составува Владата. Во текот на утрешниот ден или до понеделник, би требало да се заокружат преговорите и да имаме стабилно парламентарно мнозинство. Но, секако тоа ќе го направи, убеден сум, дека тоа ќе го направи актуелниот премиер, затоа што тоа ќе биде реконструкција, а не нова Владата. Сметам дека на почекот ќе биде предводена од актуелниот премиер. Сметам дека би требало да продолжи уште одредно време за да се заокружат тие битни процеси, додека не запловиме во помирни води, вели Груби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.