Зборот Сперматоитодомани го има измислено Зоки Черне. За декодирање за жал го нема ни во Речник, ама добар е за размислување. Вака новинарот и аналитичар Виктор Грозданов ја започнува својата последна колумна за последните случувања меѓу Македонија и соседите, како и улогата на новинарите, со напомена дека дел од изразите ќе бидат на видно подолно џентламенско ниво, бидејќи така налага моменталната ситуација на македонските граѓани.

Како да не ја почнеш колумнава без Претседателот на Македонија.  Замисли му пишал катиљ ферман на Вартоломеј Гркот да нас не кажел дека сме афтокефална црква како Македонци. А, малцинството во Грција? А, јазикот во Грција? Е после ќе не „дупи у ребра“ Георги Тасев пуленот на Вранишковски и Дачиќ, со колумни за секуларност. Само да му пренесам нешто лично на пуленот: Ова не е Црна Гора и Амфилохие не вирее овде.

Меѓутоа нашиот некогашен Стево, а сега као демек претседател на сите нас од Македонија во две прилики со изјави ми вели јасно и гласно: Ти Викторе Грозданов звани Зубо си глуп ко ноќ, пишува новинарот.

Тој се осврна на изјавата дека Гоце Делчев бил Бугарин, ама се борел за Македонија, за која вели „Е, тоа е кога седиш со Бугарите у кафана и те обработиле како бавча“.

Па, истиот тој наш заеднички пријател (кој патем е во лоша здравствена кондиција) 15 години пробуваше бар со мене, а богами и 10 години претходно со други многу сериозни медиумски имиња, да го оствари истото.

Е мој Стево да ти раскажам фамилијарна приказна. Мојот дедо во време СХС ја земал за жена ( и тоа втора) белграѓанката Бојана ќерка на Владимир Максимовиќ кој бил прв даночен инспектор на Град Белград. Од 1941-1943 станува кмет на Мелник, Бугарија, а од 1945 судел на слобода или смрт во комунистичка Македонија.  Умре во општествен стан 1999. Пред да донесеш заклучок, почекај малку.

Ако ти ја викнам тетка ми Душанка Грозданова, која својот работен век го поминала во службен весник на МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК во СФРЈ, а подоцна во секторот за превод на сите уставни измени на СФРЈ на МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, од Белград на нејзини 88 години со сериозна интелектуална кондиција да и’ објасниш дека има бугарски корен. Има да бегаш накај крстот на Водно. Патем, Славко Јаневски и посветил песма „Сакам Пријателе Сакам“, се обраќа Грозданов кон претседателот.

Грозданов потсети и на онаа славна изјава на Пендаровски дека да не бил претседател и самиот би се отселил од Македонија, за која вели дека е изјава во стилот ако не сум претседател на куќен совет, ќе се отселам од зградава.

Јас како Виктор имам роден брат кој живее 20 години во Австралија. Имам дипломирано Екстрактивна Металургија. Сите услови ги имам за преселба. И мене Претседателот на Македонија ми вели дека сум Лудак што живеам овде. Односно, тој мене ми вели дека толку сум идиот што треба секој ден да ја потпевнувам следнава песмичка:

Братче купи ми Ајкула

Кенгур и коали две

И едно буре ракија

Да се опијаааааааам

Ако Стево наречен Претседател на Македонија е мангуп му велам: Тргни ја Претседателската Одора и дојди вокабуларно да се разбереме. Ако си воопшто храбар. На тема Рашела Мизрахи. Разговорот би бил на следниов начин:

Замисли Стево ти голем бранителу наш на Уставот на Македонија. Рашела Мизрахи ја разрешија затоа што ја тргна таблата на која имаше некоја додавка на нашето име РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, а тебе не ти замераат ништо што на портите во вилата која е претседателска во Стар Дојран од ковано железо стои грбот на нашата држава (и ја малку како тебе во твој стил) и замисли пишува РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, пишува Грозданов.

Според Грозданов, после ова логично следуваат две прашања:

  1. Дали Стево по аналогија на случајот Рашела Мизрахи сам ќе ја напушти функцијата?
  2. Или пак ако јас ја запалам вилата на Претседателот на Македонија ќе бидам одликуван со орден од највисок ред, исто како и шарените револуционери?

На крај од нашиот разговор, додава аналитичарот, ќе заклучиме кој е „Детето“ на Стевчо Јакимовски, а кој е „Копиљакот“ на Зоран Заев.

Продолжуваме со сперматоитодоманите во СДСМ медиумскиот свет.

Ќе го рушеле Христијан Мицкоски од позиција на Претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Според големиве аналитичари, Мицкоски бил антизападно ориентиран политичар кој не ја разбирал Големата Приказна, па морало да биде сменет. Причината на иницијаторите (за жал и некои драги пријатели кои нема никогаш да ги навредам) бар на поголемиот дел е само една: Нашите задници се поубави од на другите и сакаме да си ги спасиме.

И тоа е легитимно бар за нив, ама вистината е следна:

Се извинувам дечки се’ е тоа убаво, ама вака гледано од страна Христијан Мицкоски е подобра варијанта од Вас, и да вонреден конгрес ќе нема, пишува Грозданов.

И сега како фунционираат медиумските сперматоитодомани инспирирани од СДСМ. Даваат значаен медиумски простор за вонреден конгрес на личности од типот на:

  • Градоначаникот поранешен на Дојран. А, во Дојран нема Банка за да си платиш сметка, нема месара за свежо месо да си правиш скара, ниту пак има менувачница за да смениш девизи. Ама затоа Мицкоски е крив, а ова чудово од поранешен градоначалник ќе го реформира ВМРО-ДПМНЕ.
  • Поранешниот за сперматоитодоманите во СДСМ медиумскиот свет Министер за Смрт на кого му потикнаа да му се организира атентат сега го тапшаат по рамо со девизата: Се’ ќе ти биде простено. На јавноста не и’ кажуваат дека дечкото се откажа од политика и не сакаше да биде наследник на Груевски кога гореше под нозе. А, дали е вистина и дека ја предаде целата организациска поставеност на ВМРО на моменталната власт со која се уценуваат голем број членови и симпатизери на опозицијата? Тоа не е тема за сперматоитодоманите во СДСМ медиумскиот свет.

Според Грозданов, најсимпатична била Снежана Лупевска, како што ја нарекува – Жане Код во интервјуто со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.

Наместо да слушне што се економските и здравствени препораки на опозицијата, она пустата целата загрижена за статутот и замислениот вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ.

Впрочем Жане Код мора да разбере дека едно е да ти помине вештачка бомба на рентген на аеродром и да мољакаш да тоа се премолчи и да одработиш долг, а друго е да правиш интервју со лидер на опозиција.

Но, Жане Код сепак држи едно ниво и не се однесува како „после употреба фрли во првата корпа“ како следниве сперматоитодомани во СДСМ медиумскиот свет, коментира тој.

За крај, во неговата последна колумна се осврнува и на случајот Рашела Мизрахи (жртва)

Откако ја наранија со „говна“, следната фаза во нападот кон г-ѓа Мизрахи продолжува со аргумент дека е антизападен елемент. И нормално кого треба да го наместат да пренесе политичка неписмена лудорија, а да несмее да одбие е Богданка Кузеска. На Богданка не и’ објасниле дека Германија и после 75 години молчи на сите документарци спонзорирани од еврејската заедница во светот за нивната геноцидна авантура во Втората Светска Војна врз евреите и дека до денес не пробува и да се побуни. Македонскиот народ не дигнал рака врз евреите и тие не забораваат. Ама затоа ниту Рашела Мизрахи несмее да ги заборави, ниту пак да ги прости простачките анализи на СДСМ. На крај една лична порака до фамилија Мизрахи: Ние заедно ќе се сладиме од пчелите, а они од осите, пишува Грозаднов.

На крај, се Грозданов дава светлост и на случајот Младен Чадиковски, кој според него е главен маестро на претходно споменатите „лепоти од Бихачка“.

  1. А1 Телевизија. Дотичниот господин е дел од оние кои Велија Рамковски ги спомена во интервју со легендарната: Претеравме со новинарството. И замисли он беше главен и одговорен уредник и нормално не заглави во затвор, а сега е претседател на ЗНМ и нормално што му е гајле кој заглавил во затвор. Само ние будалите Громовци ќе му раниме фамилија 4 години и ќе не прават будали што наоѓаме докази за целосна изнасиленост од страна на тривијални фелацио раководители во случајот со Телевизијата. Впрочем само треба да се гледа интервјуто (јас неможев до крај да го изгледам, немав стомак) на Емел Рамковска на Цивил Медиа и мудрото молчење на ЗНМ.
  2. Никола Младенов. Епа голем претседателе сега оди до Хотел Мериот и заколни се во животот на децата пред Сашо Мијалков и раскажи му ја следнава приказна. Јас не учествував во линчувањето твое Сашо и никогаш не сум кажал никому дека ти си организаторот на погибијата на Никола Младенов. А, и да тамам работа дека тоа сум го организирал со посредство на моите сперматоитодомани во СДСМ медиумскиот свет.
  3. Александар Чомовски. Да направеше зулум Сашо Мијалков како Чомовски со државни пари од проектите за јавен интерес, сега големиот претседател на ЗНМ ќе го наречеше озлогласениот братучед на режимскиот Лидер Никола Груевски, а за разлика од тоа Чомовски го стави во редот на Бард на новинарството.

Ете така почитувани читатели функционираат нашите големи новинари кои се повеќе од блиски со сперматоитодоманите во СДСМ медиумскиот свет.

За крај, Грозданов заклучува дека завршија годините кога на некои личности им се правеа лични ќејфови и дека ако ја сакаат Македонија најдобро е да останат мангупи такви како што ги памтат, а не да завршат онака како што, според него, ќе завршат на буништето на заборавот и  на врвот на срамот како: Чадиковски, Ордановски, Чомовски, Лупевска, Мухи, Боко Јовановски, Михајловски итн.

П.С.  Срамота е за сперматоитодоманите во СДСМ медиумскиот свет да и’ измислуваат на Мила Царовска љубовни афери кои не постојат. Затоа во име на џентламенството еве Ви една сочна пцовка: Марш будали исфрустрирани и сексуално неизреализирани. Вас ни Ред Тјуб не Ве сака клошараана, пишува Грозданов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.