Од владејачката структура играат со сета сила да го срушат Христијан Мицкоски од лидер на ВМРО-ДПМНЕ. Христијан Мицкоски има два изборни порази кои што не поминуваат над 10.000 разлика. На претседателските избори околу 5.000 разлика во првиот криг, и во парламентарните со два пратеника, што носи голема паника во СДСМ и кај нивните коалициони партнери, првенствено мислејќи на ДУИ, рече Виктор Грозданов во гостувањето во „Заспиј ако можеш“.

Грозданов додаде дека за локални избори најважно е кој ќе биде кандидат за градоначалник на одредена општина.

Стравот е голем кај Социјалдемократскиот сојуз кои со сета сила ќе удрат по новинарите за да бидат на нивна страна. А, тоа е се со цел да Христијан Мицкоски да го прикажат како губитник. Што на пример анкетата на Сиа Виста кажува многу диаметрално спротивно од желбите на моменталната власт, укажа Грозданов.

Грозданов посочи дека надвор од здравиот памет е да СДСМ со своите новинари и Забрчанец да ги убедува граѓаните дека Мицкоски е носител на лажни вести.

Број еден непријател на СДСМ е Христијан Мицкоски. Ако Мицкоски сега победи на изборите, СДСМ отиде во заборав, дециден е Грозданов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.