Експертот за надворешна политика и меѓународен секретар на партијата на Слави Трифонов „Има таков народ“, Димитар Грдев, за бугарската агенција БГНЕС порача дека имаат заеднички став дека од стратешка важност е ЕУ да се прошири посебно кон земјите од Западен Балкан.

Грдев истакна дека позицијата кон Република Македонија се темели на решението на Парламентот, рамковната позиција на Владата и позицијата на бугарската Академија на науки.

Ние знаеме дека треба да бараме поголема комуникација со нашите западни партнери. За да не остануваме во ситуација на ништото само затоа што нашата позиција е правилната. Најважното за нас е да ја видиме РС Македонија како дел од ЕУ и Бугарија да биде опкружена само со пријателски земји, членки на Унијата – изјави Грдев.

Тој потенцира и дека Бугарија има потпишан Договор со Македонија во кој има јасно прифатени обврски и којшто треба да се исполнува, исто како Договорот со Грција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.