Грција ќе ја поддржи Северна Македонија пред Европскиот совет за отворање на пристапните преговори со ЕУ. Тоа не е само обврска од Преспанскиот договор, туку е пријателско чувство, да се поддржи најблискиот сосед, вели македонскиот премиер Зоран Заев во интервју од Њујорк за грчката агенција ИБНА.

Зборувајќи за поддршката што ја очекува од грчка страна на престојниот Европски самит, Заев посочи дека нашиот јужен сосед ја презема водечката улога за понатамошната интеграција на земјите од регионот во НАТО и во ЕУ.

Грција ја презема лидерската позиција на Балканот во однос на евроатлантската интеграција на регионот. Грција и треба да биде лидер на овој процес, со оглед на тоа што е најстара членка на ЕУ и на НАТО на Балканот, вели Заев за ИБНА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.