Од 17 август во Грција ќе можеме да патуваме со негативен ПЦР тест. Ова за „Фактор“ го потврдија од Грчката Канцеларија за врски во Македонија.

На брифинг што го одржала грчката Влада, односно портпаролот на Владата, Аристотелија Пелони, а кој се однесувал на состојбата со ковид-19, биле соопштени повеќе детали во врска со рестриктивните мерки.

Што се однесува до копнените граници, од 17 август, е задолжително да се прикаже негативен тест за молекуларна контрола (тест PCR) за сите лица кои влегуваат од копнените граници. Тестот не смее да биде постар од 72 часа пред да влезе во Грција. Грчките граѓани и оние лица со дозвола за престој исто така се должни да го прикажат тестот. Тестот мора да се изврши во земјата на потекло, а не во Грција, се вели во одговорот што го добил „Фактор“ од грчката Канцеларија за врски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.