Грција ја испрати официјалната дипломатска нота со која ја информира македонската влада за ратификацијата на Преспанскиот договор и Протоколот за НАТО.

Следниот чекор е објавувањето во Службен весник на датумот на стапување во сила на уставните измени и закон за промена на уставното име, односно од кога и официјално Република Македонија ќе почне да се именува како Република Северна Македонија.

По пристигнувањето на нотата ќе биде испратено заедничкото писмо на Македонија и Грција до Генералниот секретар на ОН дека спорот со името е надминат и од кога спогодба за името стапува на сила и со тоа прашањето за името се затвора. Македонија потоа со писмо ќе го информира Секретаријатото на ОН, земјите-членки, како и сите меѓународни организации за новото уставно име.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.