Министерството за надворешни работи на Грција преку официјалниот „Твитер“ профил упати честитки за нашето членство во НАТО, додавајќи дека очекува конструктивна соработка, јави дописничката на МИА од Атина.

Ѝ честитаме на Република Северна Македонија за нејзиното членство во НАТО како 30-ти член на Алијансата. Добредојде за нашите соседи во НАТО семејството и очекуваме конструктивна соработка во рамките на Алијансата, напишаа од грчкото МНР на „Твитер“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.