Целосното, конзистентно имплементирање на Договорот од Преспа е начин за обезбедување на напредокот. Две години откако Договорот стапи на сила препознаваме дека има напредок во спроведувањето на промената на името. Но, потребен е поголем напредок, од една страна во користењето на името и терминологиите од сите државни институции и приватни субјекти, вклучувајќи и интернет сајтови, а од друга страна потребен е и прекин на антиквизацијата, отстранување на сонцето од Вергина од сите јавни површини, преименување на патишта и објекти.

Ова е изјавата Никос Дендијас, грчкиот министер за надворешни работи на средбата со Бујар Османи во Атина.

Она што паѓа во очи е барањето е барањето на Дендијас граѓаните и  во приватна комуникација да го употребуваат името „Северна“, како и премолчувањето на Османи на ова.

Уставот и законите на оваа држава ја гарантираат слободата на говор и на изразување. На никого владата не може да му укаже, а камоли да му нареди како ќе ја нарекува својата држава и дали ќе го прифати новото име кое не беше прифатено ниту на референдумот.

Дополнително, во Договорот од Преспа е наведено дека новото име се должни да го употребуваат само инстиуции и официјални лица, но и граѓани во приватна комуникација.

Однесувањето на Дендијас во многу наликува на она на грчкиот диктатор и генерал Јоанис Метаксас за време на пред Втората Светска војна.

 

Тој бил на чело на Грција од 1936 до 1941 година  и за Македонците во Егејска Македонија тоа бил еден од најтешките периоди.Тој  забранил секаква употреба на македонскиот јазик дури и внатре во семејството.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.