Типичен политички монтиран процес против човек кој повеќе од совесно ја обавуваше функцијата, вели проф. др. Солза Грчева за обвинението против поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски во случајот со 27 април. Поранешната пратеничка вели дека доколку Апелација има трошка независност нема да ја потврди казната на Вељаноски.

Претседателот на Собранието во два мандати, господинот Трајко Вељановски е осуден бидејќи не сакал да го прекрши Деловникот на 27 април. Според истиот, тој не смеел да ја прекине седницата, а со тоа да го прекрши Деловникот. Тој е невин!
Ова ви го гарантирам од моето лично искуство како пратеник. Иако бев пратеник од опозицијата кога ВМРО беше на власт и имаше мнозинство во Собранието, тој во ниту еден момент не правеше разлика меѓу пратениците. Од било која партија. Секогаш коректен и секогаш праведен.
Ова е типичен политички монтиран процес против човек кој совесно, и повеќе од совесно ја обавуваше функцијата.
Господинот Вељановски, сведок сум и на тој настан, беше бесен кога Претседателот Иванов му даде во рамки на онаа голема група функционери, амнестија. Вељановски се прашуваше зошто му се споменува името, кога нема никаков криминал направено.
Апелациониот суд, ако има трошка независност, не смее да ја потврди казната на Вељановски. Каква порака ќе се испрати? Дека треба да кршиш Деловник што е Библија за Собранието, за да дозволиш насилно преземање на власта?
Трајко е невино осуден!!!, порача Грчева.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.