Поранешната пратеничка Солза Грчева на својот фејсбук профил ги искоментра денешните разрешувања за кои беше донесена одлука на седница на Влада. Таа напиша:

Разрешени директори? Не, повеќето се пливачки членови на управни одбори. Но, кога велам дека ПОЛИТИЧКИОТ СИСТЕМ МОРА ДА ПАДНЕ мислам и на следново: власта (читај партиите) не смеат јавните претпријатија да ги третираат како свои. Нема мои и твои директори. Тие се сервис на граѓаните и мора за секое место да има отворен конкурс со јасни критериуми и еднаков пристап на сите.. Каков бре втор, трет ешалон на власта???? Партии не смеат да одредуваат директори. Точка. Додека ова не се промени, ќе имаме партиски претпријатија со енормна корупција!!! Ќе имаме несреќа во која се научивме да живееме.

Разрешени директори?Не, повеќето се пливачки членови на управни одбори. Но, кога велам дека ПОЛИТИЧКИОТ СИСТЕМ МОРА ДА…

Gepostet von Solza Grceva am Mittwoch, 17. Juli 2019

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.