За мене целата церемонија околу нобеловата номинација е фарса и виц, смета претседателката на Глас за Македонија, Солза Грчева. Според неа ,„жената – нобеловка која го донесе предлогот за номинација на Заев за кандидат за Нобелова награда, не знае воопшто каде дошла ишто точно се случува“.
Вие потпишувате капитулација за Македонија по секоја основа, немате ниту една гаранција дека некаде ќе не воведете, и дали тоа е чин за Нобелова награда?! Не, туку е чин за предавство. Оваа награда, меѓу другото е најнесериозната награда, ако ги видите номинациите, ќе видите дека биографиите на кандидатите во изминатите години не се сјајни кај голем број кандидати. Затоа овае политичка награда. А знаејќи дека на Европа и тежеше овој проблем ништо не ме чуди. Од друга страна ако се види кој беше на прес конференцијата на промовирање на номинацијата, тоа се сомнителни ликови, а жената-нобеловка не ни знае каде дошла. Таа смета дека решаваме спор, а ние всушност никогаш немавме спор- само притисок од Грција, вели Грчева во емисијата Отворено на Алфа со Љупчо Цветановски.
Таа вели дека нема да се изненади ако Заев биде претседателски кандидат и ги извади сите џебни вета на Иванов за да ги аминува сите спорни закони.
Не ме чуди тоа што излезе на Викиликс заДимитров, тој е многу добро позната фигура, и не е нешто што не се видело водруги земји. Луѓе кои доаѓаат на функции во вакви мали земји како нашата неможе а да не поминале разно-разни обуки, учења, надвор во странство- за водаден момент да одработи кога треба. Тоа се случи и во случајот со Димитровнаспроти ставовите на неговите родители, вели Грчева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.