Поранешната пратеничка Солза Грчева во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ зборуваше за денешната скандалозна изјава на Зоран Заев каде посочи дека оваа негова изјава е срамна и тој не може да дава такви коментари затоа што не е едуциран историчар и не може да дава такви коментари кои немаат врска со здравиот ум.

-Јас имав еден статус на фб во кој ги замолив новокомпонираните патриоти да се стрпат барем 2-3 недели да издржат да бидат патриоти додека траат овие преговори со Бугарија. Меѓтуоа не издржаа еве премиерот Заев денес отиде и изнакажа работи за кои јас се срамам, го посрамоти моето семејство кое е партизанско за да на крај излезе дека Бугарија два пати не ослободила еднаш како фашисти, еднаш како комунисти и јас таква земја не познавам. Човекот не може да си даде за право, ниту е едуциран историчар да дава такви коментари кои немаат врска со здравиот ум. Сеуште постојат живи луѓе од таа антифашистичка војна, сеуште постојат нивни деца и внуци, имаме опеано еден куп песни, раскази итн, рече Грчева во своето гостување.

Таа во врска со скандалозната изјава на Заев рече дека денес македонскит народ дознал дека 20 табли во државата се тргнати каде пишувало антифашистички окупатор и тука се поставува прашањето се кое право се трганит тие табли и зошто.

-Тој денес кажа и ред други работи. На пример дознавме дека 20 табли во Македонија ги нема каде пишува антифашистички окупатор со кое право, кој ги тргна, зошто ги тргнал, додаде Грчева.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.