Претседателот на Интегра, Љупчо Ристовски и претседателката на Глас за Македонија, Солза Грчева влегоа во жестока дебата при гостувањето на телевизија Телма. Ристовски жестоко и возврати кога таа го праша каде биле за време на референдумот.

Интегра не постоеше тогаш како партија. Престанете да се бавите со другите, бавете се со вашата беда. Гледајте си ја својата политика, својата партија, престанете да се бавите со Љупчо Ристовски и Интегра. Чии интереси браните? Што ти е, што се замараш со Љупчо Ристовски?, рече Ристовски.

После рекламите, Ристовски им се извини на гледачите за начинот на кој настапи.

Вие лажете, јас сакам да види народот со кого си има работа. Вие сте многу контроверзна личност, која заведува луѓе со лажни и шпекулативни теории, рече Грчева.

Грчева најави тужба бидејќи Ристовски рече дека излегла од редовите на ДПМНЕ.

Новинарот побара да им бидат исклучени микрофоните, по што во повеќе наврати во текот на емисијата тоа беше сторено.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.