Граѓанската акција „Излези и гласај“ ќе мониторира  можни нарушувања на изборниот процес кои немаат соодветна реакција од институциите.

Оттаму велат дека без владеење на правото, нема правна држава а без правна држава нема демократски, фер и слободни избори!

На денот на изборите, 12. Април 2020 година без разлика што ќе одлучат да направат, гласачите имаат свои причини. Загрижени за иднината на Република Македонија, избирачите бараат државата и власта да организираат и спроведат, демократски фер и слободни избори-велат од „Излези и гласај“.

 

Тие бараат од носителите на листи во изборната трка да се откажат од триковите, притисоците, заканите и лагите кон избирачите, да го стопираат поткупувањето на гласачите, да прекинат со агитација на денот на гласањето.

Граѓанската акција повикува да се прекине со семејното гласање (кога цело семејство гласа зад параванот), борба против поткупувањето на членовите на избирачкиот одбор, да се прекине со манипулациите со избирачките списоци, насилното полнење на гласачките кутии и фалсификувањето на записниците од гласањето.

Тие нагласија дека во Европа не се стигнува со контингенти за црпење на гласови, гласачки кутии кои шетаат и примена на бугарски воз.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.