Масовен револт против власта предизвика најавата на МВР и ОЈО дека ќе започнат со истраги и кpивични пријави за навивачите на РК Вардар кои за време на пречекот од Келн нaвpeдyвале функционери на власта.

Од вчера се испраќаат аудио и видео верзии на скандирањата кои сака да ги санкционира власта.

Скандирањето “Никогаш северна само Македонија” е јавно достапно на сервисот Google drive но таму ќе мора да се чека 24 часа затоа што има премногу баратели на услугата за симнување на овој фајл.

Другите фајлови во кои дел од навивачите на Вардар скандираа “Ајде Заев (Шилегов) пуши ми го к….”, се шират преку Вибер, Фејсбук месинџер, Ватсап и други апликации за комуникација.

Дел од овие видеа се објавуваат и на Твитер.

Фајловите кои се разменуваат меѓу граѓаните во знак на протест веќе масовно се користат како ринг или аларм тонови.

Допрва ќе се знае дали МВР и ЈО ќе ги гонат и луѓето што ги користат аудио снимките од навредите упатени кон Заев и Шилегов за приватна употреба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.