Бобан Стефковски за Гази Баба, Тони Коњановски за Битола, Андон Сарамандов за Гевгелија, Горан Стојанов за Неготино се следните градоначалници на општините на изборите што ќе се одржат на 17 октомври, покажува анкетата на Организацијата за граѓански активизам и независност, спроведена од 13 до 17 септември

Анетата е теренско истражување спроведено во тој временски период на репрезентативен примерок во зависност од големината на општината/ градот Скопје.

Во теренското истражување на територија на општина Гази Баба репрезентативен примерот од 738 испитаници. Од нив 26,6% се одлучиле својата доверба да му ја дадат на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Бобан Стефковски, додека актуелниот градоначалник Борис Георгиевски, кадидат на СДСМ, освоил 20,5% од ласовите на жителите на неговата општина. Висок е и процентот на жители на општината кои не сакале да се изјаснат, но и на оние кои не би го дале гласот на за ниту еден од четирите предлози.

Борис Георгиевски СДСМ и коалицијата 20.5 %
Бобан Стефковски ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата 26.6 %
Ѓорги Тодоров Интегра 2.4 %
Катерина Јовановска Ивановска ТМРО 2.2 %
Не знае/ не сака да каже   25.9 %
За ниту еден   22,4 %

И битолчани сакаат промени. Владејачката партија го менува кандидатот, а битолчани ја менуваат партијата. Според гласовите на  744 испитаници од градот на конузлите, Христо Кондовски од СДСМ би изгубил од Тони Коњановски од ВМРО-ДПМНЕ за 4,3%. Најблиску до нив е претседателот на ЛДП, Горан Млевски, кој ја има поддршката на 7,1% испитаници. Кандидатите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ значително им бегаат на останатите четири кандидати, а висок е процентот и на битолчани кои не сакале да кажат за кого ќе гласаат или пак се изјасниле дека нема да гласаат.

Христо Кондовски СДСМ и коалицијата 18.3 %
Тони Коњановски ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата 22.6 %
Горан Милевски Коалиција ЛДП-ДОМ 7.1 %
Јорго Огненовски Демократи 1.5 %
Горан Тасковски Македонска Ера Трета 1.3 %
Зоран Лазаровски Паљо Независен кандидат 1 %
Не знае/ не сака да каже   26.7 %
За ниту еден   21.5 %

За кој кандидат за градоначалник би гласале во општина Гевгелија на следните локални избори кои ќе се одржат на 17.10.2021?

Сашко Поцков СДСМ и коалцијата 19.3 %
Андон Сарамандов ВМРО-ДПМНЕ и коацијата 24.4 %
Виктор Петков Коалиција ЛДП-ДОМ 4.8 %
Љупчо Кадиев Интегра 1.7 %
Глигор Петков Независен кандидат 2.1 %
Не знае/ не сака да каже   26.8 %
За ниту еден   20,9 %

И на југот на Македонија би дошло до промена на локалната власт. Андон Сарамандов од ВМРО-ДПМНЕ ја освоил довербата на 24,4% од испитаниците, додека неговиот посериозен противкандидат Сашко Поцков од СДСМ, кој е и актуелен градоначалник, освоил само 19,3%. За Гевгелија на изборите ќе се натпреваруваат уште тројца кандидати, од ЛДП-ДОМ, Интегра и независен кандидат, кои не се закана за Сарамандов и Поцков.

Тесна е трката за Неготино. Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Горан Стојанов води пред предлогот на СДСМ Тони Делков за само еден процент. Во Неготино мегданот го делат само двајца кандидати.

Тони Делков СДСМ и коалцијата 25.9 %
Горан Стојанов ВМРО-ДПМНЕ и коацијата 26.9 %
Не знае/ не сака да каже   24.8 %
За ниту еден   22.4 %

Со општина Делчево во наредните четири години ќе раководи актуелниот градоначалник Горан Трајковски од СДСМ ако се земат предвид резултатите од теренското испитување на примерок од 519 испитанци. Зад него за 3,4% е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Николчо Стојменовски со 24,5%. 

Горан Трајковски СДСМ и коалцијата 27.9 %
Николчо Стојменовски ВМРО-ДПМНЕ и коацијата 24.5 %
Не знае/ не сака да каже   25.6 %
За ниту еден   22 %

При истражувањето се водеше сметка за демографските особености, последните вредности од одржаните избори и карактеристиките на гласачкото тело.

Анализата опфаќа повеќе делови кои ќе се објават во наредниот период. Статистичката грешка е плус-минус 2%. Резултатите од анкетата се користат за потреби и анализи на самиот институт.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.