Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски предизвика револт на социјалните мрежи откако објави фотографија од Беровско езеро, каде престојува во време на 80-часовниот карантин во голем број општини.

 

Совет од другарка ми: Оди напред. Полека, но сигурно. Ви посакувам убав викенд и ве поздравувам од преубавото Беровско езеро“, напиша Николовски на Инстаграм.

 

На 4 јули, кога Владата ја објави рестриктивната мерка за движење во продолжениот викенд, Николовски преку својот профил на Фејсбук им порача на граѓаните:

Секој мора да ги почитува сите мерки – во целост. Тие се основна алатка за намалување на ширењето на заразата. Овој викенд сите да останеме дома со своите семејства. Издржавме и потешки моменти, заедно ќе го поминеме и овој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.