Исплашени и загрижени од неспособноста на владата, бесни што и покрај тоа што со месеци ги следат непромислените мерки, на крајот пак „народот е крив“, граѓаните на Македонија денеска го имаат еден од најтешките денови од почетокот на епидемијата. На овој црн понеделник имаме 89 новозаразени лица, а седум загубени животи. За само седум дена има повеќе од 300 новозаболени лица, а вкупната бројка на починати изнесува 140.

Наместо подобрување на состојбата и ставање на болеста под контрола, земјата влегува во сè потешка и потешка криза.

Покрај сè oва, и додека самите голем дел се во самоизолација, со неколку заболени челници, од СДСМ не се откажуваат од изборите и датумот 5 јули.

Избори мора да има час поскоро, бидејќи најважно за државата и за граѓаните е што поскоро да добиеме институции со целосна функционалност, велат од СДСМ. На нашата парламентарна демократија, на нашата економија, но пред сè на јавното здравје, и на сите наши граѓани, на сите ни е потребно ново активно Собрание, за да се носат сите неопходни одлуки за менаџирање на здравствената и економската криза, се вели во денешното соопштение oд партијата.

Заев ќе се откаже и од своите, само пак да седне во премиерската фотеља:

Згора на тоа, иако со уредба, која самите ја донесоа, е пропишано дека додека трае вонредната состојба забранети се секаков вид на изборни активности и кампањата се става во мирување, од СДСМ бескрупулозно продолжуваат, за пуста власт загрозувајќи го здравјето и на граѓаните, па дури и своето.

Партиските активисти веќе со денови се на терен и делат пропаганден материјал, во кој наведуваат, „позитивен е трендот“ во борбата против коронавирусот.

Исто така, членови и челници од партијата со недели делат „хуманитарни“ пакети во очигледен предизборен поткуп, а од пред некој ден започнаа и со активна кампања, прикриена под името „координативни средби“. Така, вчера, носителката на листата за пратеници Радмила Шекеринска и останатите кандидати од ИЕ 5 беа меѓу граѓаните на Битола. Носителите листите на ИЕ 2, Оливер Спасовски и Сања Лукаревска, заедно со останатите кандидати го посетија Куманово, а Биљал Касами и Фаница Николовска заедно со кандидатите од ИЕ 6 ќе се шетаат меѓу тетовчани.

Во меѓувреме, во реалноста, Македонија е единствената од регионот што не може да ги отвори границите, поради алармантата состојба во која се наоѓа. И да ги отвори, никој нема да нè прими. Така, од вчера повторно сме непожелни во Црна Гора, а иако постојано се зборуваше за планот за патување во Грција, со денови нема никакви новости околу тоа.

Јавноста на власта му го порачува ова:

За потсетување, пред само неколку дена на претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Жарко Караџовски нè убедуваше дека државата се надраснала себеси во справувањето со епидемијата, а министерот за здравтво Венко Филипче, пак, тврдеше дека медиумите манипулирале со бројките и дека не сме биле на дното во редионот, туку напротив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.