Милиони негативни коментари од вчера на социјалните мрежи откако во македонското собрание 81 пратеник ги изгласаа уставните измени кои произлегуваат од Договорот од Преспа.

Пратениците со двотретинско мнозинство вчера во рамки на 75. седница ги донесоа амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV и XXXVI на Уставот на Република Македонија, а потоа и ги прогласија. Усвоен и прогласен и Уставниот закон за спробведување на амандманите.

На седницата не присустуваше пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

И додека во Собранието пратениците одлучуваа за судбината на Македонија, социјалните мрежи речиси да вриеја од негативни коментари поврзани со промената на името. Граѓаните револтирани од промената на името го проколнуваат Зоран Заев и му порачуваат дека откако ќе го нема Македонија ќе живее.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.