Градоначалникот од редовите на СДСМ, Рубин Шефтероски, на неговата страна на Фејсбук преку која се фали дека со лични познанства спроведува проекти, доби сериозно обвинување од граѓанин на општината Кривогаштани.

Шефтероски е посочен од граѓанинот Јованоски Владимир за барање пари за вработување, како и мито за предмети по судови.

-Не те сменија моќниците, туку сам си се смени. Од првиот ден бараш мито за сѐ и секадем ги изгоре децата млади вработени во општината, одат по судови. Притисоци, закани. И сам знаеш дека мене лично ми бараше пари за работно место заедно со другар ти Кирил. Го пиушти по вода готов проект за градинка во Обрашани и Бела Црква се заради тие пари. Не ти е гајле тебе ни за деца, ни за општина. Те спасија овде на суд судијата а и тие сто се под притисок ги сменија изјавите дури третиот пат. Но не ти помогна ни тоа, има луѓе што останаа доследни и не ти се плашат, па ќе одговараш за нив. А не ти кажаа дека има и повисоко нешто што суди и тоа допрва ти се заканува, па ќе имаш време да размислиш каде погреши. Има уште многу да се пишува за тебе и твојата чесност, ама засега доста е, остани поздравен и се гледаме на едно несто за брзо – стои во коментарот на Јовановски.

Оваа реакција од граѓанинот Јовановски треба да се смета како допрен глас до Јавното обвинителството за незаконито барање мито и за корупција и обвинителите кои се занимаваат со изборен криминал во најкус рок треба да ги испитаат изјавите кои зборуваат за корупција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.