Во рамки на активноста Отворен Кабинет денеска кабинетот на претседателот Стево Пендаровски го посетија граѓани кои имаа можност да се сретнат, лично да поразговараат со Пендаровски и директно од него да се информираат за неговите надлежности, да ги посетат просториите во кои се реализираат официјалните и работните средби, како и салите за свечености, состаноци, настани и прес-конференции.

Граѓаните се запознаа и со дел од вработените и биле информирани за историјатот на Вила Водно, за дел од активностите што се одвиваат, како и за начинот на функционирање на оваа институција.

Денешниот настан е во рамки на Отворен Кабинет, активност што овозможува директни средби на граѓаните со претседателот Стево Пендаровски.

Сите заинтересирани граѓани, институции и организации, со претходно пријавување на официјалната интернет страница на Претседателот имаат можност да остварат директна комуникација со претседателот Пендаровски, да споделат свои идеи, предлози и сугестии, како и да присуствуваат на настани од јавен карактер, коишто ќе бидат реализирани во Кабинетот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.