Револтирани граѓани се собраа пред зградата на Општина Тетово, а пред нив зборуваше Блерим Ахмети, односно организаторот на протестот, кој побара оставка од градоначалничката на Тетово, Теута Арифи и од Владата, пишува порталБ.мк

Демонстрантите поставија транспарент пред општинската зграда. По обраќањето на Блерим Ахмети, дел од граѓаните фрлаа со јајца кон општинската зграда.

Граѓаните маршираа и кон седиштето на ДУИ, а застанаат пред тетовската болница и со една минута молчење оддадоа почит на жртвите од Тетово.


Албанците во Тетово скандираа долу влада и долу Заев

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.