Градоначалник на општина Новаци, Стевче Стевановски првата недела од својот мандат ја започна теренски со реализација на предизборните ветувања за чиста и здрава еколошка средина во општина Новаци.

Првата работна акција започна со расчистување на депонираниот смет и градежен шут кој на диво се одлага на оваа локација.

Денеска со екипа од комуналното претпријатие „Комунална хигиена“ Новаци со градежна механизација започнавме со отстранување на одложениот смет и градежен шут кој во огромни количини постои на дивата депонија во Новаци. Изминатите денови ги мапиравме сите вакви депонии на седум локации, и на истите ќе се интервенира  во следниот период  со цел да ја направиме општина Новаци чиста и здрава средина со нулта толеранција за диви депонии, рече  Стевче Стевановски, градоначалник на општина Новаци и додаде:

Во наредниот период работата на комуналното претпријатие  ќе се интензивира покрај со расчистување на депониите и со чистење на вегетацијата по коловозите, чистење на речните корита и одводните канали како и одржување на хигиената на јавните површини во општината. Одржувањето на хигиената во општина Новаци е наш приоритет, бидејќи граѓаните заслужуваат да живеат во една чиста и здрава средина“, изјави Стевановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.