Градоначалникот на општина Вевчани Сашо Јанкоски синоќа соопшти дека е позитивен на коронавирус, споделувајќи ја информацијата на Фејсбук.

Момент на мало невнимание може да доведе до инфицирање со овој вирус. Јас сум веќе од саботата во домашна изолација само со загубено чувство за мирис. Чувајте сѐ, чувајте го вашето здравје и здравјето на вашите најблиски. Носете маска, држете дистанца, останете во добро здравје, напиша Јанкоски.

Вевчани моментално има 25 активни случаи на ковид-19 од кои дел се лечат во дневната амбуланта во тамошниот Здравствен дом, додека другите се на домашно лекување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.