Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски и неговото семејство се во домашна изолација, дознава „Алфа“, затоа што неговата сопруга, која е медицинско лице вршела преглед на дел од заболените од корнавирусот.

Од советот на општината за телевизијата велат дека градоначалникот не оди на работа, а најверојатно се земени брисеви од него и неговата сопруга за да се тестираат дали имаат Ковид-19. Според последните резултати засега во Велес има тројца кои се позитивни на вирусот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.